ММС

Ќе има ли нови мерки од понеделник? Рекорд на нови заразени од ковид-19!

„Утрово, на Комисијата за заразни болести разговаравме за дополнителен пакет рестриктивни мерки кои по евалуацијата на состојбата во следните денови, доколку има потреба, до Владата ќе го предложиме во понеделник“, напиша вчера министерот за здравство Венко Филипче а веќе денес го имаме новиот рекорден број на новозаразени, што значи дека повеќе од сигурно е дека новите предлог мерки ќе станат реалност.

Доколку е така, на веќе предложениот пакет мерки, кој веќе е предложен до Владата, а тоа се задолжително носење маски на отворено, забраната за групирање после 22 часот и забраната за домашни посети, ќе се додадат и новите предлог мерки- ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50%,  и целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот.

Тој информираше и дека пакетот на рестриктивни мерки, којшто веќе е предложен до Владата е во собраниска процедура и се очекува следната недела Собранието да го изгласа. „Доколку продолжи трендот на зголемување на случаите, овој пакет мерки заедно со оној треба да помине во Собрание и мислам дека сериозно ќе го забави и ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот“, напиша тој.

Филипче денес беше во посета на Штип и пред да се објави рекордниот број на новозаразени тој изјави:

„Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира, затоа што дел од уредбите, препораките за носењето на заштитната опрема на отворено се ставени заедно со уредбата што е во законска сила, која што беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба. Ова е најефикасниот и најдобриот начин кој ќе може да се контролира и да се спроведува“, кажа тој

Вечерва, откако стаса извештајот ммс се обиде да го праша министерот дали, со оглед на тоа што бројката расте и се бележат нови рекорди,  од понеделник ќе се воведат новите мерки, но сеуште нема одговор.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.