ММС

Ќерка ти направи сообраќајка во Англија- Нова измама за 1.000 евра во Крива Паланка

На 16.10.2020 во 15.55 часот во Полициската станица Крива Паланка, маж пријавил дека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари.

Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за ја спаси од затвор. Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место.

По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен С.Р.(46) од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.