ММС

(Видео) Бајрами: Димова не е избрана од Брисел, тие пари се наменети за тука

Нури Барами од Антикорупциска во дуелот на емисијата „Стадион“ кажа дека има наводи и сомнежи дека парите се подредени на блиски лица, се тошеле на друг начин.  Ако  Димова  наведува дека има злоупотреба на два милиони евра од поранешна вработена, како е можно да не може толку време да го расчисти случајот.

-Госпоѓа Димова не е избрана од Брисел. Тие пари се наменети за тука, во полза на јавниот интерес. Таа има одговорност, прво да направи рамка на самопроценка, внатре. Има сомневања кои треба да се потврдат. Има пријави, кои се анонимни и на крајот пишува од „уплашени граѓани“. Тоа е чуден феномен. Што се случува тука? Не ми е јасно од што се плашат!  Во нив се припишуваат злоупотреби на буџетски средства од 15.000 евра. Добивме многу информации, кои се уште ги третираме како сомнежи.. Има и мобинг. И уште многу кои наведуваат на лошо менаџирање, рече меѓу другото Бајрами.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.