ММС

Не излегуваат без маски, иако во италијанско село живеат само тие двајца

Двајца жители во едно село во Италија  строго ги почитуваат анти-корона мерките и никаде не одат без заштитни маски, иако се единствените жители на населбата.

Џовани Карили (82) и Џанпјеро Нобили (74), обајцата пензионери од Нортозчеа, носат маски секогаш кога ќе се сретнат и инсистираат на почитување на држење дистанца од намјмалку еден метар, иако немаат ниту еден друг сосед.

Карили за Си-Ен-Ен вели дека, иако многу се плаши да не се зарази со вирусот и оти нема кој да се грижи за него ако се зарази. Сакал да продолжи да живее во селото и да се грижи за своите овци, виновата лоза, кошниците, овоштарникот, да бере печурки…

Нобили смета дека непридржувањето на пропишаните мерки од страна на кој било од нив двајцата претставува непочитување, и покрај исклучителните околности во кои живеат.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.