ММС

Макрон го осуди исламистичкиот напад во Париз во кој вчера ѕверски е убиен професор по историја

Францускиот претседател Макрон синоќа излезе на местото на крвавиот инцидент и жестоко го осуди убуството на професорот по историја во париско училиште.

Напаѓачот бил убиен од полицијата. Обвинителството објави дека нападот се случил во Конфланс Св. Онорин околу 17 часот, во близина на училиштето во кое предавал наставникот.

Француските медиуми јавуваат дека напаѓачот со нож ја обезглавил жртвата.

Напаѓачот, според првичните информации, е млад човек со чеченско потекло на возраст од околу 18 години. Тој носел нож, а покрај него бил пронајден и пиштол. Причнина за убиството наводно била што професорот им покажувал карикатура со пророкот Мухамед на учениците.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.