ММС

Од Чемпионшип во Премиер Лига: Џо Родон ќе стане нов играч на Тотенхем

Централниот дефанзивец на велшката репрезентација и екипата на Свонси, Џо Родон, ќе стане нов фудбалер на Тотенхем. Дваесет и двегодишниот Родон ќе стави потпис на договор со клубот од северен Лондон вреден 11 милиони фунти плус дополнителни бонуси.

Тотенхем пазаруваше одлично во летниот трансфер период, но по заминувањето на Јан Вертонген остана празен простор на позицијата централен дефанзивец. Можноста за купување-продавање помеѓу Англичаните одлично ја искористи Жозе Мурињо, доведувајќи еден од најталентираните млади играчи на Островот во својот тим.

Дресот на Тотенхем летово го облекоа Серхио Регулион, Герет Бејл, Мет Доерти и поранешниот фудбалер на Бенфика, Винициус. Родон ќе претставува петта и финална аквизиција за португалскиот стратег во борбата за што повисок пласман во Премиер Лигата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.