ММС

Бакси во лов на Богдан Богдановиќ

Српскиот репрезентативен бек-шутер, Богдан Богдановиќ, од следната сезона би можел да го носи дресот на Милвоки Бакс и да биде соиграч со Јанис Антетокумпо.

Челниците на Милвоки сериозно ја набљудуваат ситуацијата со кошаркарот на Сакраменто Кингс и очекувањата се дека ќе тргнат по неговите услуги, со оглед на неговата „restricted free agent“ состојба. Кингси имаат право да му го понудат истиот договор на Богдановиќ како и другата заинтересирана страна.

Дваесет и осумгодишниот поранешен играч на Партизан, размислува за промена на средината, а Милвоки се надева на трансформација на првиот состав и доведување играчи по „мерка“ на Јанис и Крис Мидлтон во обидот за освојување на НБА титула.

Богдановиќ во регуларниот дел од сезоната имаше во просек по 15 поени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.