ММС

Најмирни држави за живеење во 2020, дури шест се во Европа

Анализата покажа дека најмирни земји се оние кои имаат силна валута, голема количина храна која ја произведуват, пониски каматни стапки, политичка стабилност, но и лично чувство на среќа. Институтот за економија и мир спроведе анализа на 163 земји низ светот и територии населени со 99,7 проценти од населението за да ги изберат најспокојните места за живеење.

Списокот се заснова на: социјалното осигурување, количината на домашни и меѓународни немири и брзината на милитаризацијата.

10 години по ред титулата најмирна земја во светот ја добива Исланд. Во земја со 365.000 жители, која нема своја војска. Тие имаат ниска стапка на криминал во земјата, висока стапка на вработеност, импресивен образовен систем. Скоро 97 проценти од населението е средна или повисока работничка класа. Тие исто така реагираа брзо на првиот бран на коронавирус и ги затворија своите граници за да се намали ширењето на вирусот.

Нов Зеланд е втор на листата, а трета е Португалија, која ја надминува просечната вредност на индустриските земји според население, рамнотежа на личен и професионален живот, лична безбедност.

Повеќето земји на оваа листа се европски. Покрај Исланд и Португалија, на списокот се и Австрија, Чешка, Данска и Швајцарија. Шестото место е резервирано за Канада, седмото за Сингапур, а деветто е Јапонија.

10 најбезбедни земји за живот во 2020 година:

  1. Исланд
  2. Нов Зеланд
  3. Португалија
  4. Австрија
  5. Данска
  6. Канада
  7. Сингапур
  8. Република Чешка
  9. Јапонија
  10. Швајцарија

Извор: pochivkablitz.bg

Фото: travelandynews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.