ММС

СЗО на списокот неефикасни лекови за лекување на Ковид 19 го стави и ремдесивирот

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека лековите ремдесивир, хидроксихлорокин, лопинавир / ритонавир и производи од интерферон даваат малку или воопшто не даваат резултати во борбата против ковид-19.

Студија за лековите беше спроведена во повеќе од 30 земји, заснована на студија за ефектите на терапијата врз целокупната смртност, земајќи ја во предвид вентилацијата и должината на престојот во болница кај хоспитализирани пациенти покажа дека овие лекови имаат малку или воопшто немаат резултати во лекувањето на пациентите со ковид-19.

Ремдесивир, е лек развиен од американската фармацевтска компанија „Gilead Science“, беше еден од најраните третмани во третманот на ковид-19 болест. Овој лек првенствено е наменет за третман на хепатитис Ц и респираторен синцицијален вирус, а проучен е и неговиот ефект во третманот на ебола, но во тој случај не покажал ефикасност. Овие резултати треба да поминат дополнителни стручни проверки.

Рандомизирано испитување на овие лекови е спроведено во 405 болници во 30 земји и вклучува 11.266 пациенти. Приближно 2.750 лица примиле ремдесивир, 954 хидроксихлорокин, 1.411 лопинавир, 651 интерферон плус лопинавир, само 1.412 интерферон и 4.088 не примале ниту еден лек од студијата. Гилеад изрази загриженост, затоа што „податоците не се детално анализирани“ и тврди дека поради тоа „не може да се донесе никаков објективен заклучок за ефективноста на ремдесивирот“, пренесува Радио Слободна Европа.

На почетокот на овој месец, податоците од американската студија за ремдесивир од Гилеад покажаа дека третманот со овој лек го намалил времето на опоравување на пациентите со ковид-19 за пет дена во споредба со пациентите кои примиле плацебо во студија со вклучени 1.062 пациенти.

„Податоците на СЗО изгледаат неконзистентни, бидејќи тие произлегуваат од неколку рандомисирани, помали контролирани студии објавени во рецензирани списанија кои ја потврдуваат клиничката корист од ремдесивирот“, изјави Гилеад за Ројтерс.

Употребата на ремдесивир беше одобрена од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) во Соединетите држави на 1 мај, и оттогаш овој лек доби регулаторно одобрување во неколку други земји.

Преземено од: http://rs.n1info.com/

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.