ММС

Трамп: Лекарите утврдија дека белите дробови „малку ми се инфицирани“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека „апсолутно ништо“ не останало од неговите симптоми по инфекцијата со коронавирус, но тој признал дека, додека бил во болница, лекарите утврдиле дека белите дробови му биле „малку инфицирани“.

Трамп ова го изјави на почетокот на предизборното телевизиско обраќање синоќа на телевизијата НБЦ, додека неговиот демократски ривал на претстојните претседателски избори, Бајден, се појави на сличен предизборен настан на друга телевизија истовремено.

Американскиот претседател седеше на сцената без маска, а околу него, на растојание од над еден метар, имаше неколку гласачи кои носеа маски.

Трамп рече дека „веројатно“ бил тестиран на денот на првата телевизиска дебата со Бајден минатата недела, кога двајцата биле во исто студио.

Двајца претседателски кандидати, сегашниот претседател Трамп и неговиот демократски ривал Бајден, синоќа се појавија на две телевизии од различни градови во исто време. Тие настани ја заменија втората претседателска дебата, која беше откажана поради здравствени проблеми.

Преземено од: http://rs.n1info.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.