ММС

Саркози е обвинет за злосторничко здружување поради финансии од Либан

Поранешниот шеф на француската држава Никола Саркози е обвинет за „злосторничко здружување“ како дел од истрагата поврзана со сомневање за либиско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година, дознава агенцијата Франс прес од националното обвинителство за финансии.

Поранешниот претседател реагираше веднаш на Фејсбук, посочувајќи дека е шокиран од новото обвинение.

„Со најголемо изненадување дознав за ова ново обвинение“, рече Саркози, истакнувајќи дека во неговиот случај презумпцијата на невиност повторно не била земена во предвид и дека одлуките биле донесени без „најмал доказ за какво било незаконско финансирање“.

Новото обвинение, издадено во понеделникот, е четврто во случајот за Саркози, кој вели дека тој е жртва на заговор по обвинувањата изнесени во март 2018 година за „пасивна корупција“, „криење проневера на јавни средства“, „нелегално финансирање на кампања“.

“Сите гледаат дека ова е одлука без преседан во согласност со спроведените истраги. Постапката се одвива добро”, рече Винсент Бренгарт, адвокат на антикорупциското здружение “Шерпа”, кое е цивилна страна во овој случај.

На 31 јануари, обвинителството веќе обвини еден од поранешните соработници на Саркози, Тиери Гобер, за „злосторничко здружување“, осомничен за земање средства од режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи, што можело да биде насочено кон претседателската кампања на кандидатот за претседател на државата 2007 година.

Преземено од: http://rs.n1info.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.