ММС

ВИДЕО: Ме нема во книгата на Венгер затоа што никогаш не ме победил, изјави Жозе Мурињо

Обврските во клупскиот фудбал повторно се враќаат по интернационалната пауза, а со тоа се враќаат и секогаш интересните појавување на тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, пред медиумите и јавноста.

Во пресрет на премиерлигашкиот дуел помеѓу Тотенхем и Вест Хем, на вообичаената прес-конференција, меѓудругото, португалскиот стратег беше запарашан зошто неговото име не се споменува во новата книга на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер. Со оглед на тоа дека Жозе Мурињо се нашол во автобиографиите на многу големи тренерски имиња, по малку е и чудно тоа што за еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот нема место во авторското дело на францускиот стручњак.

Мурињо, како оној Мурињо од Порто и почетоците во Челзи, знаеше што да одговори на прашањето. Како да ме има во книгата на Арсен Венгер, кога тој е тренерот што никогаш не ме победил во кариерата, запраша двојниот освојувач на Лигата на Шампионите со Порто и Интер и ги засмеа присутните во салата.

“> 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.