ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/18 7:00 AM

СП 2018: Англичаните ја уништија клетвата победија на пенали во натпревар на пенали

Репрезентацијата на Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенството по победата со 4:3 над Колумбија по изведувањето на пенали (1:1 во регуларното време и продолженијата) во последното осминафинале, одиграно на стадионот „Спартак“ во Москва.

Хари Кејн отвори во 57-та минута по пенал, а Јери Мина израмни во 93-тата. При пеналите, Урибе (четвртиот) и Карлос Бака (петтиот) промашија за Колумбијците.

За Британците промаши капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон (третиот).

Англичаните конечно успеаја да надминат елиминациско коло на Светското првенство по пенали. Претходно, тие беа елиминирани по ударите од белата точка на завршниците во 1990, 1998 и 2006 година.

Тие се пласираа во четвртфинале првпат по 12 години, а таму ќе се сретнат со екипата на Шведска.

Извор: МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1