ММС

Хрватска ја надмина „илјадарката“: Во последните 24 часа 1.131 новозаразени со Ковид-19

Во Хрватска повторно нов рекорд во бројот на новозаразени со Ковид-19, пренесуваат хрватските медиуми.

Првпат тој број надмина 1.000, односно во последните 24 часа биле регистрирани 1.131 новоинфициран, а од коронавирус претхдниот ден починал еден пациент (60) во риечката болница, пишува „Вечерњи.хр“.

Во претходните два дена во Хрватска беа евидентирани по 748, односно 793 нови случаи.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.