ММС

Фудбалскиот клуб „Врапчиште” ќе додели 60 лаптопи за учениците во четири потшарпланински села

Управата на фудбалскиот клуб „Врапчиште” преку прибирање на финансиски средства ќе обезбеди шеесет лаптоп компјутери за учениците од четири подшарпланински села. Претседателот на клубот Еркан Јусуф информира дека веќе се набавени 30 парчиња, а преостанатите ќе бидат дистрибуирани следната недела.

Раководството на клубот „Врапчиште” се приклучи кон кампањата „Компјутери за нашите деца”, која ја почнаа одделенските наставници во ОУ „Врапчиште”. Вчера беа предадени 32 лаптопи кои ќе им бидат врачени на децата во селата Врапчиште, Врањовце, Галате и Зубовце.

– Поради состојбата со недостиг на компјутерска опрема на пазарот, засега обезбедивме половина од планираната количина. Се надеваме дека следната недела ќе бидат набавени и дистрибуирани преостанатите лаптопи за уште триесетина деца, информираа од ФК „Врапчиште”

Набавката на опремата која е потребна за следење на онлајн настава се реализира со поддршка на жителите на Врапчиште. Тие, за три дена преку донации обезбедија пари за 60 лаптопи, количина која ја побараа од училишната управа.

Фудбалскиот клуб, годинава спроведе три акции и преку нив беа обезбедени изградба на детско игралиште, 110 канти за отпадоци, а со последната ќе се олесни наставата за шеесетина деца во општина Врапчиште.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.