ММС

Градоначалникот е заразен, да не си и ти- Атиџе вознемирена од озборувањата дека имала корона

Немам корона, мене главата ме болеше бидејки паднав, вели хероината на документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова, која претходните неколку дена сите што ја сретнеле ја гледале чудно и ја прашувале дали е заразена. Таа вели дека пред пет дена на повик на градоначалникот на Лозово, била во општината да се сретне со луѓе од Свети Николе, кои сакале да пишуваат книга за нејзиниот живот, но дека не се заразила, бидејки не само што носеле маски, туку биле и на дистанца.

-Луѓето си го поврзаа и со тоа дека изминатиов период не ми беше добро, многу ме болеше главата бидејќи ми се слоши во Скопје и паднав. Си ја удрив главата, увото, вилицата и раката. Се неврирав минатиот месец многу, не јадев и кога отидов во Скопје бев гладна, па ми паднал шеќерот, ми се покачил притисокот и не бев ни свесна кога паднав.Тогаш дојде и брза помош и ми рекоа да се јавам кај мојата матична. И отидов кај неа и таа ме праша дали имам температура. Но, немав.  Матичната ми препиша лекови, си ги пијам и немам проблеми. Болките што ги имав ми беа од паѓањето, вели Атиџе и додава:

„Лугето ми велат дека можеби сум се заразила кај градоначалникот на Лозово. Па зарем ако почувствувам некои болки нема да кажам на матичната. Оваа болест не се крие. Како тоа јас знам дека сум болна а да не кажам. Тоа никако, Господ ќе ме казни. Јас кога одам некаде носам маски, освен во Бекрилија оти таму немам контакт со никој. А ми е жал што така зборуваат. Виситина ако се случи такво нешто сама ќе се пријавам.  Па јас и онака сум пола човек и знам дека треба да се чувам. Срамота е да кријам. Не сум дете. Така кажав и на внукот. Ми се јави и ми вика дека се јавувале новинари да прашат дали сум заразена. Ми викаат- градоначалникот бил заразен, да не си и ти. Ама не сум“, вели вознемирено таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.