ММС

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење” на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ

По вчерашната прес-конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ наменета за случајот со Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност и директорката Лидија Димова, тие денеска посветија уште една. На вчерашната побараа Димова јавно да ги сподели бодовите и рангирањето на проектите,  а денеска споделија како што рече Арсовски „помалку чуден“ проект со кој пари му се дадени на братот на пратеникот Диме Велковски.

– Доделени се над 83.000 евра за дресура на магариња, нешто невидено до сега и тоа овластено лице на носителот на проектот е брат на пратеник од редовите на СДСМ, пратеникот Диме Велковски.Најновиот за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот “Избери сирење”, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус + програмата.Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење” каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето, рече Арсовски.

Тој вели со ова се поставува прашањето како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори.

– Бараме, јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите? Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите, праша Арсовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.