ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/18 2:29 PM

Дрон на Гринпис удри во француска нуклеарна постројка

Активисти на Гринпис соопштија дека нивен дрон во облик на Спајдермен, удрил во француската нуклеарна постројка со цел да се докаже дека има недостатоци во безбедноста на објектот. Се работи за кулата во Буге, околу 30 километри од Лион.

Гринпис наведува дека дронот бил безопасен, но оти постапката покажа недостиг на безбедност на нуклеарните постројки во Франција.

Групата за заштита на животната средина и претходно укажуваше на лошата безбедност во Франција. Минатата недела 19 активисти на Гринпис добија условни казни поради упад во една нуклеарна централа во ноември 2017 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1