ММС

Ќе се положат 500 рози низ улицата што води до новиот вечен дом на Тоше – Се навршуваат 13 години откако замина кај ангелите

Утре се навршуваат 13 години откако нашиот Тоше не е меѓу нас. Тој што рекол дека годините се само бројка, во било која смисла на значењето, кажал една голема вистина, бидејќи и покрај тоа  што веќе над една деценија не е меѓу нас, тој живее и ќе живее вечно во нашите срца.

Како и претходните 13 години, така и утре на Гумење учениците од основното и средното училиште ќе пеат негови песни.

-Маратонците кои, годинава гтргнаа од Табановце во негова чест утре ќе бидат пречекувани со рози. Околу 500 рози ќе бидат положени на улицата што води до неговиот вечен дом, кога ќе поминуваат маратонците. Ова е идеја на учениците од ОУ „ Никола Карев“  и стредното училиште „ Наум Наумовски Борче, секако со поддрка на општина Крушево. Потоа на Гумење учениците ќе пеат негови песни, а ќе биде положени и свежи цвеќе. Секако ќе се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, ќе се држи дистанца и ќе се носат маски, велат од општината.

Утре сите што ќе дојдат во Крушево за да му оддадат почит на Тоше ќе го посетат неговиот нов вечен дом, неговото достојно почивалиште, кое денес е завршен, конечно по 13 години. Ја нема веќе грдата слика со лимениот покрив, најлонската ограда и кадифените мечињата, кои колку толку ја ублажуваа сликата која Тоше не ја заслужува.

Со одлука на Владата во 2019 година се доделија 10 000 000 денари за изградба на вечното почивалиште на Тоше врз основа на идејното решение направено од Жарко Чаушевски кој беше и единствен пријавен за изработка на решението, а беше одобрено од семејството на Тоше. Изградбата на вечното почивалиште започна во октомври  минатата година  со одредена симболика.

-Во основата на симболот на самото гробно место при неговото дизајнирање во прв план е религијата, односно големата религиозност на Тоше и вербата во Бог кој ја споделуваше преку музиката. Сепак, се работи за гробно место кое само по себе е врзано со религијата, но тука крстовите, кои се од мека форма, повторно ја симболизираат големата религиозност на Тоше и сите добри дела кои ги правеше во име на вербата во Господ. Самата основа на објектот е крст. Идејното решение отсликува една физичка позиција на Тоше, а тоа е онаа во позиција на молитва, но не така наречена класична позиција за молење со споени раце. Туку, како на мнозинството од неговите фотографии, рацете се малку разделени и не се во идентична насока и форма и од сите страни кога се гледа се илустрира токму таа препознатлива стоечка положба на Тоше – религиозна положба, уникатна позиција при молитва на пејачот, велат од општината.

Преку идејното решение и во самиот дизајниран објект постојат симболите на музиката кои за Тоше беа средство за да допре до нас како негови фанови.

 

-И самиот дизајн е на три степени на самиот објект. Ова тристепено качување го илустрира патот на душата, односно градација на развојот на душата и светото тројство и нејзино качување од живот кон нешто севишно. Повторно симболика на религиозноста на Тоше. Во гробното место ќе се направат и гробни места за родителите на Тоше, објаснуваат од Општината.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.