ММС

И Хрватска со рекорден број на новозаразени

Во последното деноноќие во Хрватска се регистрирани рекорден број на новозаразени – 793 од 6.696 тестирања, а починале десет лица.

Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита соопшти дека има 3.562 активни случаи, а 439 од нив се пациенти со болнички третман. На респираторна поддршка се 26 пациенти.

Најмногу заболени има во Загреб, во Сплитско-далматинската жупанија и Крапинско-загорската.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.