За девет месеци во Гвинејскиот Залив извршени 132 пиратски напада
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/15/20 8:15 AM

За девет месеци во Гвинејскиот Залив извршени 132 пиратски напада

Во првите девет месеци од 2020 година извршени се 132 пиратски напада врз трговски бродови во Гвинејскиот Залив, известува Анадолија (АА).

Меѓународното поморско биро во извештајот објавен под наслов „Пиратски напади и вооружени грабежи на бродови“ наведе дека „во првите 9 месеци од 2020 година извршени се 132 пиратски напади, при што за откуп се киднапирани 85 морнари.“

Во извештајот се вели дека најголемиот број морнари се киднапирани во Гвинејскиот Залив, а трговските бродови биле цел на пиратски напади и во морските води на Нигерија, Бенин, Габон, Екваторијална Гвинеја и Гана.

Во извештајот се наведува дека 31 морнар се земени како заложници на бродовите.

Гвинејскиот Залив, во чии води се извршуваат напади на бродовите, познат е како најопасна морска област во светот.

Од вкупниот број пиратски напади во светот, 90% се извршуваат во Гвинејскиот Залив.

Според податоците на Меѓународното поморско биро, бројот на напади извршени во Гвинејскиот Залив во 2018 година изнесувал 78, а во 2019 година е зголемен на 119.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7