ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/18 2:21 PM

Најмалку 12 луѓе загинаа при потонување на траект во Индонезија

Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и две деца, денеска загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при потонување на траект.

„Траектот потона на 200 метри од брегот, а на него, според официјални податоци, имало 139 патници. Тракетот превезуваше и автомобили, камиони и мотоцикли“, изјави портпаролот на полицијата Дики Сондани.

До сега се спасени 30 лица, а осум се хоспитализирани.

Несреќата се случи откако минатиот месец потона претоварен тракет во индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 лиѓе.

Во Индонезија често се случуваат бродски несреќи бидејќи не се почитуваат безбедносните прописи.

 

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1