ММС

ВМРО-ДПМНЕ бара Димова јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара од директорката на Националната агенција, Лидија Димова, јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите. Тие реагираат дека помина веќе една недела а Димова се уште е на позицијата и нема никаков потег од засегнатите институции – МВР, ЈО и Финансиска полиција.

Лидија Димова се уште оди на работа и не дава оставка, се уште зема огромна плата, се уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од близу 100.000 евра земени на лизинг и се уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип. Односно, доколку навистина има сомнеж за кривично дело во претходниот скандал со фризерницата, се уште постои простор да се повтори такво дело. Дополнително, 6 дена се кријат ранг листите на сите рангирани конкуренти за проекти кои што аплицирале преку Еразмус + програмата.Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добиле парите?Ако постои сомнеж како што се појави во јавноста дека одреден проект од оние што ги добила фризерницата, не исполнувал критериуми на бодување, а сепак го добил проектот и финансирањето, тоа е голем скандал, рече Арсовски.

Според него само по себе е скандал што фризерница добива проект за медиумска писменост и едукација и неколку други проекти во вредност од над 270.000 евра, а не пак рангирањето кое дополнително фрла сериозни сомнежи на целиот процес.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.