ММС

Народната песна „Сербез Донка“ преку Сара Мејс ќе ја слушне светот

По повод светскиот ден на харфата на 20 октомври ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот иќе се одбележи 300 години од создавањето на харфата. Македонија ќе ја претставува пејачката и харфистка Сара Мејс, а главната цел на овој настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста, секоја земја да се претстави со својот автентичен фолклор, преку домашен автор или автор кој посветил композиција на дотичната земја.
– “Пресреќна сум заради тоа што ја имам честа да ја претставам својата земја Македонија преку аранжирање и интерпретирање на нашиот фоклор на мојот инструмент – харфата.
Пресреќна сум заради тоа што овој евент ќе се стрима онлајн на официјалната страна на World Harp Day, предводена од популарниот руски харфист Александар Болдачев.
Кога пред два дена ме шерна на стори, од радост мислам дека правев стој на раце, тој е мој идол уште од времето кога бев мала. Посебно ми е драго што ќе ја оставам оваа композиција зад себе.
Напишав македонско дело за соло харфа! Јееес! Конечно ќе имаат харфистите во Македонија и нешто македонско за свирење соло. И кога мене ќе ме нема… Ќе остане мојата “Donka of Macedonia“, вели Сара и додава:

„Ја нареков така заради втората тема, а тоа е нашта добро позната “Сербез Донка”. Првата тема е моја, требаше да се вика Macedonian sorrow, но ете….. Останува да слушнеме и видиме за што се работи на мојот 30ти роденден -20ти октомври. Триста години од создавањето на педалнит механизам на харфата, 30 години од моето раѓање  Ете, има нешто и во тројките, не е се во нулите“.

Сара вели дека им е бескрајно благодарна на  Okxsa projects што ја одбрале и поддржале.

-Окџса пројецтс- Скопје е Европска Асоцијација за интеракција и соработка во полето на образованието, културата и спортот и е платформа за културни и иновативни проекти. Целите и се да се промовира македонската култура надвор од нејзините граници и да се зголеми поддршката на талентираните млади уметници насекаде низ светот, како и да се поддржи хуманата страна на човештвото.
Иницијатор на проектот World Harp Day е Александар Болдачев, руско-швајцарски харфист, композитор,професор, гостин солист на Бољшој Театар, добитник на повеќе интернационални награди, основач и генерален продуцент на „Фестивал на харфата Цирих“.
Оваа нова традиција ќе стане потсетник за мирот и единството на сите земји и извор на инспирација за развој на харфата како дипломатски симбол на уметност, здравје и солидарност покрај тоа што е прекрасен музички инструмент.

I am so happy to anounce that I am playing on ‘World Harp Day’ on 20.10.2020 and representing my country…

Gepostet von Sarah Kostadinovska am Dienstag, 13. Oktober 2020

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.