ММС

Ковид-редари во хрватските ресторани, на свадби танц само за младенците

По значителното зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, Хрватска воведе нови мерки. Угоститеските објекти може да работат само до полноќ, во нив за секој ост мора да има по четири квадратни метри простор, кога има повеќе гости на маса растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 1,5 метар, а на јавни собири со повеќе од 50 гости мора да има по еден ковид-редар на секои 50 гости.

Хрватскиот Завод за јавно здравје објави нови препораки за свадби, според кои танцувањето е дозволено само за младенците и нивните родители, како и за членовите на најблиското семејство, но само на почетокот на прославата, а потоа танцување не е дозволено. Местата за седење мора да бидат означени однапред и оддалечени метар и половина, а растојанието помеѓу масите мора да биде три метри, пренесуваат хрватски медиуми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.