ММС

Бил Гејтс пак порогнозира: Постои само еден начин да не мораме до крајот на животот да живееме под мерки

Американскиот милијардер и технолошки тајкун Бил Гејтс смета дека човештвото нема да се ослободи од коронавирусот и да се врати во нормален живот се’ додека Ковид-19 не биде целосно уништен.

„Единствен начин целосно да се вратиме во нормала е да имаме супер ефикасна вакцина што ќе ја земаат многу луѓе, т.е. болеста целосно да ја елиминираме“, наведе Гејтс за телевизиската мрежа „Ен-Би-Си“, пренсува „Блиц“.

Според мислењето на Гејтс, Американците и поголем дел од светското население можеби со години, па дури и до крајот на животот да живеат под епидемиолошки мерки, како социјалното дистанцирање. Тој очекува првата генерација вакцини против Ковид-19 да биде одобрена под итна постапка на почетокот на следната година.

Гејтс повторно и’ се противстави на политиката на Доналд Трамп во врска со коронавирусот, но призна дека експерименталната терапија со која беше третиран американскиот претседател покажала досега најдобри резултати во лекувањето на Ковид-19.

Бил Гејтс неодамна се жалеше дека многумина го обвинуваат за појавата на коронавирусот и оти социјалните мрежи биле полни со теории за вештачко потекло на коронавирусот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.