ММС

Од денес нови рестриктивни анти-корона мерки во Хрватска

По значителното зголемување на бројот на новозаразени кој на дневно ниво надмина и 500, во Хрватска од денес во сила стапуваат нови рестритктивни мерки со цел подобро справување со епидемијата на коронавирусот.

Се воведува задолжително носење маска во затворени простори, како и на отворено каде што не може да се држи дистанца од два метра, и се ограничуваат собирите на кои се очекуваат повеќе од 50 луѓе. Владата потенцира и оти е задолжително маските да се носат на исправен начин, така што маската цело време ќе ги прекрива носот и устата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.