ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/18 11:25 AM

Вработените во „Еуркомпозит“ го почнаа протестот пред Владата

Вработените во прилепската фабрика за воена опрема „Еуркомпозит“ претпладнево пристигнаа во Скопје, поставувајќи шатори пред зградата на Владата во знак на револт од тоа што се’ уште не им се исплатени заостанатите плати и придонеси.

Претседателот на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, Роберт Богданоски  во изјава за медиумите посочи дека нема да се повлечат оттаму се’ додека не им биде понудено конечно решение за фабриката од која 260 вработени побаруваат 18 заостанати плати и придонеси од 2012 година.

Неговиот колега, Цветан Бунтески потенцираше дека старосната граница на вработените во еурокомпозит е околу 60 години:

„Нема каде да одиме, очајни сме. Премиерот денеска беше во Прилеп, можеше да најави дека ќе прима одреден број вработени, но изгледа дека не ги интересира тоа“.

Премиерот Заев пак, од Прилеп најави дека Владата ќе ги разгледува барањата на вработените попладне. Инаку, Вицепремиерот Кочо Анѓушев неодамна информираше дека за „Еурокомпозит“ и за велешка „Колска“ има интерес кај инвеститори и оти е оптимист дека со приватизација ќе се реши проблемот, без отпуштање вработени.

Владата распиша и тендер за избор на меѓународни консултанти, кои треба да изработат професионални длабински анализи во каква состојба се двете фабрики, за да се обезбеди транспарентна продажба на потенцијални инвеститори.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1