ММС

Oд утрово во прекин сообраќајот на патот Валандово – Удово

Сообраќајот на регионалниот пат Р1105 во правец Валандово – с.Удово, кај месноста Калковска река атар на с. Јосифово, од 4:30 часот е во прекин поради поголема количина на вода и песок на коловозот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р-1401 Валандово – с. Марвинци и магистралниот пат А1 с. Удово – с. Марвинци


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.