ММС

Илиевски: Помилувањето не може да се повлече (ВИДЕО)

– Гордана е добро храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна кога тогаш ќе дојде на нејзина страна. Петар е добро и тој е храбро дете, и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и повеќе се научи да живее во такви околности – изјави Влатко Илиевски адвокатот и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во гостувањето на „Стадион” на Радио Канал 77.

Дали го пече совеста, за внуците и ќерката на Велија Рамковски кои беа во исто таква ситуација, Илиевски вели дека такви тези слушнал многу и смета дека компарациите не се на место и дека тоа претставува класична одмазда од политички побуди. Тој вели дека Гордана ниту нарачала
пресуди, ниту обвинила, ниту осудила некој.

Тој не сакаше да ги коментира незаконски објавените телефонски разговори во кои неговата сопруга вели дека сите ќе завршиме во затвор,  сметајќи дека тие биле ставени во контекст што и одговарал на тогашната опизициска партија.
За постапката за спроведување во затвор на Јанкулоска, нејзиниот адвокат вели дека со тоа тешко се прекршиле правата што ги има едно осудено лице.

— Грубо се повредени законите односно Законот за извршување на санкции бидејќи на Гордана Јанкулоска ниту и беше даден упатен акт, ниту и беше дадена можноста сама да се пријави во затвор – изјави Илиевски и додаде дека тие не планирале одлагање, туку достоинствено целиот процес да го завршат со доброволно одење во затвор. Но како што вели Илиевски тоа не и било дозволено, бидејќи во 16 часот и пристигнала пресудата, а во 16 часот и 30 минути беа дојдени на врата за нејзино спроведување.

За случајот „Тенк” Илиевски, вели дека Кацарска во Стразбур ќе ја гонат за пристрасност. Тој вели дека тоа е една од условите со кои и било скратено правото на Јанакуловска за правично судење бидејќи целата таа постапка од судење до спроведување во затвор била крајно неправична.
На прашање како би ги коментирал изјавите на Миле Јанакиески дека  „магарето го нема па удрете по самарот”, Илиевски вели дека не би сакал да коментира бидејќи своевремено и тој бил дел од
кабинетот на Груевски, но вели дека одговорот треба да се бара кај министерот за
внатрешни работи зошто дозволи бегство, дали некој помогнал за истото.

За апликацијата до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Илиевски вели дека е за 10 различни апликанти, дел од нив се повторуваат во повеќе претставки бидејќи станува збор за различни предмети. Тезата наша е дека е повреден принципот на правото и дека не се почитувале одлуките за аболиција, овие лица биле предмет на кривично гонење иако до тоа не требало да дојде.

Првата апликација е поднесена пред 3 години и секако дека во овие три години судот пристапил кон првично разгледување на аргументите. За индивидуализацијата вели Илиевски дека воопшто не е спорна, има одделни одлуки, за секоја одлука има одделни решенија донесено од страна на претседателот и кои се повикуваат на таа одлука и кои решенија ја операционализираат одлуката бидејќи во тие решенија се наведени конкретните истражни предмети по кои се има постапувано.
– Ние тврдиме дека неможе да се отповика помилување и дека се што е направено направено е спротивно на принципот на владеење на правото, но еве да оставиме на Владата да аргументира зошто мисли дека може.Не се опфатени сите предмети и сите обвинети од СЈО со аболицијата, што
е со тие што не се аболирани за нив тоа нема да важи.Факт е дека за одредени предмети на СЈО, ниту едно од лицата нема добиено аболиција и тие предмети ќе си се тераат како што продолжиле не може да се повикуваме на аболиција, конкретно за „Тенк” никој нема аболиција – рече адвокатот Илиевски кој прогнозора дека одлука од Стразбур би имало до крајот на годината, најдоцна до почетокот на летните одмори.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.