ММС

Објавено на: 10/10/20 6:29 AM

Ерменија и Азербејџан договориле 12-часовно примирје, Пишињан: „Ако немa реакција, Турците ќе стигнат до Виена“

Министрите за надворешни работи на Русија, Азербејџан и Ерменија, Сергеј Лавров, Зохраб Мназаканиан и Јехун Бајрамов вчера во Русија разговараа за ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах. Министрите пристигнаа вчера во Москва на покана на рускиот претседател Владимир Путин. По десетчасовни разговори, било договорено 12-часовно хуманитарно примирје, а предмет на разговори треба да биде неговото евентуално продолжување, јавуваат руски медиуми.

Ерменскиот премиер Никол Пашињан, пак, во интервју за италијанската „Република“ изјавил дека Ерменија и непризнатиот Нагорно Карабах се последните пречки на патот на експанзионизмот на Анкара.

„Ако меѓународната заедница итно не реагира, наскоро ќе ги види Турците пред вратите на Виена, како во 17. век“, рекол Пашињан.

Тој додал дека опција да се елиминира таа закана е меѓународната заедница и европските земји да ја признаат независноста на Нагорно Карабах.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.