ММС

Аргентина прва земја во светот што одобри генетски модифицирана пченица

Аргентина е првата земја во светот што одобри одгледување и конзумирање генетски модификувана пченица, објави аргентинското Министерството за земјоделство.

Научната комисија при Министерството наведува дека одобрила сорта пченица која е отпорна на суша, додавајќи дека такво нешро е случува првпат во светот.

Сепак, многумина експерти се загрижени во врска одгледувањето генетски модифицирани посеви, наведувајќи дека може да дојде до потешкотии во рекламирањето на таквите производи пред потрошувачите поради здравствени и еколошки ефекти.

Научно-технолошкиот совет на Аргентина наведе дека таквата пченица мора да биде одобрена и во Бразил за да биде комерцијално одржлива, со оглед на тоа дека Бразил е најголем пазар на кој Аргентина извезува околу 45 отсто пченица, а по него седуваат Чиле, Индонезија и Кенија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.