За усовршување на инструкторите по автошколите, промовиран прирачник за полагање стручен испит
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/9/20 5:34 PM

За усовршување на инструкторите по автошколите, промовиран прирачник за полагање стручен испит

За надоградување на своите знаења и нивна практична примена во обуката на возачи, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на преставниците на автошколите од Југоисоткот, во Испитниот центар во Струмица им подели прирачници за подготовка за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центар.

Станува збор за дело во кое преку преку практични примери инструкторите ќе можат да добијат лиценца но и да ги пренесат своите знаења кон кандидатите за возачка дозвола се’ со цел да се намалат последиците од човечкиот фактор во сообраќајот.
Прирачници добија преставници на сите 12 автошколи од Југоистокот.

Според Ристо Манчев од Републичкиот совет станува збор за илустирана книга со кои инстуркторите во автошколите и испитните комисии ќе може да ги надоградат своите знаења и да ги пренесат на кандидатите бидејки вршат општествено одговорна работа а бројките покажуваат алармантни податоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7