ММС

Објавено на: 10/9/20 3:24 PM

Дополнителни субвенции од два денара за произведено и предадено грозје за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи овој многу значаен сектор, лозарството.

– Една од мерките е дополнителната мерка од два денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја изготви и истата е веќе излезена во Службен весник на РСМ, соопшти МЗШВ.

Оттаму посочуваат дека корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката за оддржување на лозов насад од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во земјава.

– Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид Програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година, се наведува во соопштението.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.