ММС

ВИДЕО: Mилинковиќ-Савиќ ја сруши Норвешка на многу „кул“ начин

Во полуфиналето од баражот на Лигата на Нациите, вреден место на Европското првенство во 2021 година, момците на Љубиша Тумбаковиќ целосно го надиграа противникот, иако продолженијата по регуларните 90 минути оставаат поинаков впечаток.

Најдобриот поединец кај Србите убедливо беше фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Савиќ му донесе водствто на својот тим во 82 минути по проигрувањето од Александар Митровиќ и кога мислеа сите дека Србија оди на мегдан против Шкотска или Израел, Матиас Норман го изедначи резултатот и го одведе мечот во продолженија.

Во 102-та минута од полуфиналниот дуел, Милинковиќ-Савиќ го оконча резултатот на неверојатно смирен и фудбалски генијален начин, небаре се работи за пријателски двобој помеѓу две екипи на „термин“ од мал фудбал.

Србија во финалето во баражот во Белград ќе игра против репрезентацијата на Шкотска и ќе брка прв пласман на Европско првенство по цели 20 години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.