ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/9/20 12:35 PM

Бугарија трет ден по ред со рекорден број на новозаразени

Бугарија трет ден по ред регистрира рекорден број на новозаразени со коронавирус.

Бугарските власти информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 516 новозаразени а седум лица починале.

Бројот на хоспитализирани лица низ земјата е во постојан пораст, а моментално бројката на активни случаи е 6.816.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се заразиле 23.259 лица, 15.563 се излекувани а 880 лица починале


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7