ММС

Ќерката на Кејт Мос: Убавица иста како мајка и

Лила Мос само што наполни 18 години, но јасно е дека продолжува да се движи по стапките на нејзината мајка, супермоделот Кејт Мос – која и денеска важи за жена со идеална убавина.

Ќерката на манекенката дебитираше на модната писта носејќи креации од италијанската модна куќа „Миу Миу“, а споредбите со нејзината мајка се неизбежни.

Многумина модни стручњаци веќе и предвидуваат озбилна кариера.

 

Лила е ќерка на британскиот издавач Џеферсон Хак, но за потребите во светот на модата го користи презимето на мајка и.

Има договор со агенцијата на Кејт Мос, а заштитно лице е и на „Марк Џејкобс Бјути“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.