ММС

Објавено на: 10/8/20 1:55 PM

„Записи од АСНОМ“, изложба во Музејот на Македонија по повод 11 Октомври

По повод 11 Oктомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, утре, 9 октомври, во Музејот на Македонија ќе биде поставена изложбата „Записи од АСНОМ“.

На 11 oктомври 1941 година е означен почетокот на една нова етапа на националноослободителната борба на македонскиот народ, со цел преку вооружено востание да се извојува, како националното, така и социјалното ослободување од фашистичките окупатори. Како круна на оваа борба е АСНОМ и конституирањето на македонската национална држава во состав на југословенската федерација.

На изложбата „Записи од АСНОМ“ се поставени фотографии, документи и повеќе оригинални предемти, поврзани со овој значаен настан од нашата историја. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да погледаат и голем број оригинални карикатури на истакнати партизански борци создадени од Василије Поповиќ – Цицо, како и неколку уметнички дела а Родољуб Анастасов, Радмило Поповски и Томо Владимирски, со тематика од НОБ.

Автор на изложбата е м-р Боро Бунтески, виш-кустос во Одделението за историја, нa координатор на проектот е Илија Цурев, раководител на Одделението за историја.

Изложбата ќе биде отворена за посети од 13 октомври 2020 и ќе биде поставена до февруари 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1