ММС

Четири деца останаа без родители – Професорка убиена во автомобил, убиецот се самоубил

Милан Живоиновиќ (41) завчера ја убил својата љубовница Марија Станојоска (31) а потоа и сам си пресудил во автомобилот, на паркинг пред нејзината зграда во Панчево. Милан никако не можел да се помири со тоа што Марија сакала да ја да раскине врската, па го зел пиштолот и и го одзел животот и нејзе и себеси.

Живоиновиќ бил возач на авобус и живеел во Големо Градиште, додека Марија професорка по германски јазик, живеела со своите две деца со изнајмен стан во Панчево.

Ивори на истрагата велат дека Милан на кобниот ден околу 14 часот, отишол до нејзината улица, се паркирал блиску до нејзината зграда и чекал да се појави, бидејќи дотогаш таа одбивала да се види со него.

– Живоиновиќ одредено време чекал во автомобилот пред својата зграда, а потоа изгубил трпение, отишол до нејзиниот стан и и тропнал на вратата. Ја викал и ја молел да излезе, но Марија била упорна во намерата да го прекине секој контакт со него, вели изворот.

Побеснетиот Милан тогаш повторно отишол до автомобилот и продолжил да ја чека. По половина час Марија излегла од зградата и седнала во својот автомобил, но Милан тогаш дотрчал до неа и седал на совозачкото место.

– Во автомобилот веднаш се скарале и Милан тогаш го земал пиштолот и пукал во кровот на автомобилот, за да ја исплаши. Потоа додека била избезумена ја убил и неа, па на ист начин си пресудил и себеси. Соседите слушнале пукање па викнале полиција, која ги затекнала Милан и Марија мртви во автомобилот, со прострелни рани во главата. Пиштолот бил до Милан, измеѓу седиштата и вратата, објаснил соговорникот.

Соседот на Марија вели дека таа работела како професорка по германски јазик во основно училиште во Панчево.

– Пред Милан имаше две подолги врски од кои доби две деца. Синот го роди кога имаше 17 години, а пред две години доби и ќерка. Милан го запозна кога отиде во Германија да го усоврши јазикот. Тој тогаш ја возел во автобусот, па продолжиле да се гледаат кога таа се вратила во Србија. Не знам многу за него, но Марија навистина беше добра девојка, убава, љубезна и полна со живот. Живееше сама со децата, не знам како ќе ја поднесат мајчината смрт, вели соседот.

Во семејството на убиената девојка вчера не можеле да зборуваат за трагедијата. Пријателите, роднините и соседите залудно ги тешеле родителите на Марија.

– Марија потекнува од угледна фамилија. Родителите и се добри домаќини. Убаво се грижеа за неа и за нејзините деца, сега не можат да си дојдат на себе од болка и тага, вели соседот на нејзините родители.

Што се однесува до Милан, позади него оставил сопруга и две деца.

Соседите на убиената девоја велат дека слушнале кога Милан лупал на вратата, но никој не сакал да се замеша, мислејќи дека се работи за обична љубовна кавга.

– Викаше: „Марија излези те молам!“, потоа се се стиши се додека половина час подоцна не слушнавме три пукања од паркингот. Не знаев што се случи се додека не стигна полицијата, вели соседот.

извор: informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.