ММС

Објавено на: 10/8/20 12:02 PM

ВИДЕО: Жиру на јубилејниот 100-ти настап за Франција постигна прекрасен погодок и се запиша во книгата на рекорди

Напаѓачот на англиски Челзи, Оливие Жиру, вчера по стотти пат настапи за селекцијата на Франција во пријателскиот меч против Украина.

Светските шампиони беа убедливи против гостите, постигнувајќи дури седум голови, а Жиру се запиша двапати во листата на стрелците. Првиот негов погодок во 23-тата минута беше мини-ремек дело. Од дваесеттина метри оддалеченост, поранешниот шпиц на Монпеље и Арсенал „потегна“ и го матираше чуварот на мрежата на Украинците.

Вчерашните два погодоци го исфрлаат на втората позиција на вечната листа на стрелци за Франција. Единствено Тиери Анри има постигнато повеќе голови за „петлите“, вкупно 51. Жиру со 42 гола за Франција излегува пред легендата Мишел Платини кој има постигнато 41. Давид Трезеге со 34 и Гризман и Зидан со по 31 погодоци, ги делат останатите места во ова елитно друштво.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1