ММС

Објавено на: 10/7/20 6:16 PM

Благодарност до вработените: По еден автомобил подарок за сите 4.116 работници

Кинеската компанија за производство на челик „Џијангси“, како благодарност, ги награди сите свои вработени – дури 4.116, со по еден нов автомобил поради постојаното зголемување на добивката на компанијата пет години по ред.

Во пресрет на празникот на државноста, „Џијангси“ подели 4.116 автомобили од јкои 2.993 од типот „форд територи“ и 1.183 од типот „фолксваген маготан“. Вкупната вредност на подарокот, според кинескиот портал „Соху“, изнесува 500 милиони јуани или речиси 75 милиони долари. Компанијата ќе ги плати трошоците за регистрација, за петгодишно осигурување, како и данокот за возилата, пренесува РТС.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.