ММС

Во Србија од утре угостителските објекти ќе работат само до 23 часот

Сите угостителски објекти во Србија од утре ќе работат до 23 часот, без разлика дали имаат летни тераси или не. Оваа мерка на Кризниот штаб на Србија е донесена поради влошената ситуацијата со пандемијата.

Најавена е седница на Кризниот штаб за денес во 15 часот, на која е можно да се усвојат и нови рестриктивни мерки.

Србија сега, сепак, релативно добро се справува со коронавирусот. Во последните 24 часа има 120 новозаразени и еден починат. Од почетокот на пандемијата, вкупно се заразени околу 34.000 луѓе, а бројот на починатите е 757, слично како и во Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.