ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/18 1:05 PM

Тимоние: Сега не ви треба игра на партизани и четници, туку заеднички интерес за соработка

Правосудството, тоа е полето на кое што треба да се направат доста реформи, реформи  очајно се потребни и во администрацијата, а тука е и прашањето на корупцијата, вели францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, во интервјуто за Канал 77, а во врска со поставените услови од ЕУ што земјата треба да ги сработи, за условениот датум за влез во ЕУ стане и официјален.

,,Сметам дека на тие полиња има доста работа да се сработи. Се разбира тука е и прашањето на корупцијата.Тие проблеми ги нема само Македонија, тоа се проблеми кои што постојат во целиот регион и перцепцијата на Париз е дека има доста што треба да се сработи за да на некој начин после не се имплементираат сите тие проблеми во ЕУ. Може исто така да се каже дека и доста работа се сработи и во изминатата 1,5 година. Имаше доста направено на подготовка на изгласување на законите, но сега она што остана е да се види како тие закони ќе профункционираат на самиот терен. Во Париз се уште е жива онаа тажна слика на тоа што се случи на 27 април и се очекува да се види еден политички систем кој што функционира“, вели францускиот амбасадор.

Многу битен момент, вели Тимоние, е и тоа како ќе се одвива процесот на референдумот. Тој според него, е многу важен тест за македонските граѓани.

,,Јас сметам дека многу важен момент е оној кога ќе се одвива референдумот. Референдумот сам по себе е многу важен, пред се’ како тест во однос на капацитетот на Македонците, взаемно да дискутираат и исто така да донесат одлука. Ако сето тоа се одвива и спроведе добро и ако можеме во овој период да ги почувствуваме плодовите на првите реформи, јас сметам дека јуни идната година ќе биде еден многу среќен месец“, вели Тимоние

Францискиот амбасадор вели дека тој лично нема никакви двоумење во однос на тоа дали ќе успееме да си ја завршиме домашната задача во годината што претстои.Треба само да се најде заеднички интерес за соработка а не да си играат четници и партизани.

,,Јас би ви кажал веднаш дека немам никакво двоумење во однос на таа тема. Имате таленти, имате желба, имате култура, имате исто така луѓе кои се подготвени да одат напред и да преземат одредени ризици. Треба граѓаните да најдат една заедничка основа на која што ќе работат сите заедно а не да си играат меѓусебе на четници и партизани“, изјави францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние во интервју на Канал 77.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1