ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/18 12:49 PM

Еко Герила добивала финансики понуди во замена да молчи за Југохром

Движењето Еко герила на прес конференција ја информираше јавноста дека добивале закани и финансиски понуди во замена во иднина да не ја отвораат темата за Југохром. За уцените ги информирале надлежните.

Случаите од Еко Герила ги пријавиле во полиција, очекуваат надлежните да ги расчистат. Заканите и уцените, велат оттаму, нема да ги поколебаат и во иднина да се грижат за животната средина.
Велат дека во дел од владините кругови и во комбинатот се поставени прашањата Југохорм да започне со работа, додека се гради филтер станицата. Југохром престана со работа во ноември 2016 година, поради непочитувањето на еколошките стандарди.

Фабриката започна да ја гради филтер станицата, но градежните активности течеа бавно, поради финансиски проблеми на менаџерскиот тим на комбинатот. Со посредство и помош на владата, раководството доби кредит од 1,5 милиони евра за изградба на фитлер станицата, која сега со поголем интензитет се гради во кругот на фабриката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1