Охриѓанка три месеци работела за без пари, измамена од неготинчанка
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/7/20 10:37 AM

Охриѓанка три месеци работела за без пари, измамена од неготинчанка

Охриѓанка вчера пријавила измама од неготинка, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Неготино, Б.М.(41) од Охрид пријавила дека била измамена од С.В. од Неготино. Според пријавеното, С.В. ѝ ветила дека ќе посредува за работа во странство и дека ќе и исплаќа договорена сума на пари кои ќе ги зема од странскиот работодавач, но, по три месеци работа ништо не ѝ било исплатено, појасни Додевски.
Тој додаде дека се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7