ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/7/20 10:12 AM

Излезе од печат „Ѕуница”, ново дело од роднокрајниот автор Васил Маневски

Роднокрајната колекција книги во Јавната локална библиотека „Илинден” во Делчево збогатена за уште еден наслов. Второто дело катрени насловено „Ѕуница” од авторот Васил Маневски, од денес како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска е веќе достапно за посетителите на библиотеката.
-Убаво е што роднокрајното одделение на библиотеката е збогатено со нов наслов. Јавната локална библиотека „Илинден” продолжува со поддршка на сите наши роднокрајни автори кои сакаат нивниот труд да бите на полиците на библиотеката. Сакам да ги информирам сите наши читатели дека „Ѕуница” веќе ја има во нашата библиотека и е достапна до сите наши членови, додаде Петровска, рече Петровска.
Заради ситуацијата со вирусот, како што додаде директорката, промоцијата на „Ѕуница” ќе се реализира во наредниот период
-Маневски е можеби единствен роднокраен автор што во последните години објавува катрени, кои по содржината се блиски на поговорките и на афоризмите. Токму затоа ќе биде и промовирано но во период кога ќе се подобри ситуацијата со Ковид-19, додаде Петровска.
Во ЈЛБ „Илинден” покрај ова последно дело на Маневски, како што додадоа од библиотеката ги има и сите други дела кое се потпишани со негов потпис меѓу кои: Љубов и страдања”,„Зад твојот сон”, прво издание во 1980 година, второ издание во 2019 година, „Плачеше цела Малешевија ” и “Корона Катрени”.
Валери Спасевски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1