ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/6/20 8:15 PM

Стабилизирајте ја психата со телесни активности: Како се поврзани физичкото и менталното здравје?

Кога се работи за каква било физичка активност, луѓето најчесто помислуваат на губење на килограмите и обликување на телото. Вежбањето секако може да го подобри вашиот физички изглед, но она што првенствено би требало да ве мотивира е влијанието на вежбањето врз менталното здравје. За тоа најмногу се свесни луѓето кои вежбаат редовно. После некое време станувате свесни дека телесното вежбање придонесува за тоа да имате чувство на благосостојба, но и повеќе енергија и концентрација. Редовните физички активности водат кон намалена депресија или анксиозност. Освен што ослободува од стресот, телесното вежбање го стабилизира вашето расположение во целост. Без оглед на вашата возраст и кондиција, телесното вежбање нуди многу придобивки за  менталното здравје и психата.

Вежбањето и менталното здравје – предности

Ако мислите дека само интензивното вежбање може да ви помогне за подобро ментално здравје, се лажете. Студиите спроведени на оваа тема покажале дека триесетминутно умерено вежбање три до пет пати неделно може да го подобри вашето ментално здравје. За да ви биде поедноставно, вежбањето од 30 минути може да го поделите на дв вежбања од по 15 минути. Се’ е работа на добра организација, но најважна од се’ е добрата волја. Дури и ако ова ви  се чини застрашувачко, не очајувајте. Слушајте го своето тело и паузирајте кога имате потреба од тоа. Како што вежбањето ќе ви станува навика, така ќе можете да додавате плус минути или да пробувате некои нови видови телесни активности.

Вежбањето и депресијата

Досегашните студии покажуваат дека вежбањето може да делува како еден вид терапија за депресијата, доколку е таа блага или умерена. Вежбањето во овој случај би можело да делува исто како антидепресивите, но без нуспојави. Едно истражување покажало тдека петнаесетминутото трчање секој ден или брзото одење од еден час го намалува ризикот од депресивно пореметување за 26 проценти.

Телесното вежбање е моќна алатка во борбата против депресијата од повеќе причини. Она што е најважно е дека поттикнува бројни промени во мозокот кои влијаат на подобрување на расположението. Со други зборови, вежбањето може да ви послужи и како дистракција овозможувајќи ви да пронајдете малку мир за себе и да излезете од кругот на негативни мисли што се доста застапени во секојдневието.

Вежбањето и анксиозноста

Освен што го ослободува телото од напнатоста и стресот, вежбањето ја подобрува благосостојбата преку ослободување ендорфин, со што пак, се одржува позитивното расположение.

Обидете се да се фокусирате на вежбањето. Обрнете внимание на тоа како вашите стопала удираат во тлото, на вашиот ритам на дишење и слично. Кога ќе гледате  со повеќе внимание кон овие елементи на вежбањето, ќе го прекинете циклусот на постојани грижи кои ви проаѓаат низ главата.

Вежбњето и стресот

Кога сте под стрес мускулите се напнати. Некои експерти сметаат дека стресот најчесто се „таложи“ во делот на рамењата и вратот. Токму поради тоа луѓето кои се често под стрес чувствуваат болка во овој дел од телото, а тоа води кон чести главоболки. Можеби ќе почувствувате стегање во прстите, изразен пулс и грчење на мускулите. Тоа пак, води кон несоница, често мокрење и болки во стомакот.

Загриженоста околу овие симптоми може да доведе до уште поголем стрес и да создаде затворен круг помеѓу вашиот ум и телото. Вежбањето е добар начин да го прекинете тој круг и да се ослободите од напнатоста. Со оглед на тоа дека физичкото и менталното здравје се поврзани, кога вашето тело ќе се чувствува подобро, тогаш и вашата психа ќе се стабилизира.

 

Извор: Марија Граниќ, магистер по психологија/krenizdravo.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1