ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/18 11:55 AM

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена

Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена – реагира денеска опозицијата во соопштение за јавноста.

Соопштението во продолжение во интегрална верзија:

Производителите на пченица на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и на криминалниот картел околу него.

Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не.

Ветувањата што Николовски им ги даде на мелничарите дека проблемите ќе ги реши до 30 јуни и дека ќе ја стабилизира состојбата на жетвата се покажаа како една голема лага.

Не само што не се решени проблемите туку мелничарите се заканија дека нема да вршат откуп, а земјоделците ќе нема каде да ја пласираат нивната реколта.

Со  СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос.

Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното и маркичките, притоа не се потруди ни да овозможи непречен откуп по достоинствени цени.

Судбината на илјадници производители на пченица, чија примарна дејност е производството на лебно зрно е доведена во прашање. Земјоделците чекаат конкретни решенија се со цел да им се решат проблемите.

Додека на меѓународен план се натпреваруваа во распродавање на националните интереси и промена на уставното име, на внатрешен план на СДСМ им се случува невиден дебакл.

Неспособноста на оваа влада нема граници. СДСМ за само една година успеа да разурне она што некој внимателно го градел и создавал повеќе од 10 години. Економијата тоне, земјоделството е пред колапс, градежништвото одамна не функционира.

Земјоделците не се должни да ја трпат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување.

Ако Николовски не знае како да ги реши проблемите со кои се соочуваат земјоделците и да почне да им ги решава нивните проблеми треба под итно да си поднесе оставка и да го отстапи местото на некој што знае како да си ја работи својата работа.

Трпението на земјоделците и македонската јавност се при крај.

Оваа неспособна власт мора да си замине, за Македонија да тргне напред.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1