ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/18 11:46 AM

Заев ќе исрати инспектори во ИВЗ, откако Зекири праша дали поглаварот е заштитена мечка

Премиерот Зоран Заев ќе и наложи на трудовата инспекција да провери дали верските заедници ги почитуваат законските обврски и дали плаќаат даноци и придонеси.

Ова го истакна претседателот на Владата Зоран Заев, откако пратеникот Мухамед Зеќири на собраниска седница праша дали трудовата инспекција некогаш ќе влезе во Исламската верска заедница (ИВЗ) да провери дали им се плаќа инвалдиско и пензиско осигурување на имамите кои се жалат дека тоа не се прави.

Зeкири, праша дали поглаварот на ИВЗ е заштитена мечка.

Давачките, потенцира, и чесниот пристап, мора да важат за секого, независно за која верска заедница станува збор, а резултатите од контролите ќе бидат јавно соопштени.

И МВР во овој сегмент води одредена истрага врз основа на пријави што дополнително, истакна премиерот, ќе даде одговори.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1