ММС

Објавено на: 10/5/20 6:47 PM

Преживеан од војната во БиХ ја „погреба“ својата куќа уништена за време на војната

Остатоците од неговата urnata куќа во Кевљани кај Приедор, Шериф Велиќ ги погреба на местото на кое беше изградена, а потоа ѝ подигна спомен-плоча, како што тоа се прави по погребот на луѓето, пишува агенцијата Анадолија (АА).

Работејќи како лимар во Германија, Шериф во разговор за АА се присети како со својата сопруга и трите деца штедел и одвојувал финансиски средства за да изгради семеен дом во Кевљани, во близина на Козарац. Напорно работеле и ја изградиле куќата, а во 1992 година започна војната, прогонот, затворањето и логорите, убиствата и уривањата. Срушен е и домот на Шериф и Фикрета Велиќ.

Шериф и Фикрета денес живеат во Шведска. Кога почна војната во Босна и Херцеговина во 1992 година, Шериф ја напуштил тогашната работа во Германија и како доброволец се приклучил на одбраната на земјата во Козарац и во неговото родно место Кевљани.

По неговото враќање во БиХ, српските единици го прогонуваат цивилното население од Козарац и Кевљани, жените, децата и старите лица ги протеруваат во Хрватска, а машката популација ја носат во логори.

Шериф во логор минал низ голготи, а неколку месеци подоцна е разменет и е пуштен на слобода. Ги наоѓа својата сопруга и трите деца во Шведска, каде што остануваат до крајот на војната.

Во родното Кевљани за првпат пристигнува во 2001 година, и кога ги видел урнатините на неговиот дом обраснати во коров и трева, донел одлука дека кога ќе собере пари, куќата достоинствено ќе ја погребе, токму онака како што се погребуваат и луѓето.

„Се наоѓаме во Кевљани, во моето родно место, а ова каде што се наоѓаме сега, на ова место, под масата и столицата, тоа е мојот дом што тука го закопав пред 10 години. Сиот достапен материјал од мојата куќа се наоѓа тука. Ги исчистив темелите и 20 камиони или 200 кубици материјал, остатокот од мојот урнат дом се наоѓаат тука, под оваа натрупана земја. Кога првпат од егзилот во Шведска се вратив во своето родно место, тука затекнав грмушки и џбуње. И куќата и мојата нива и сè останато беа обраснати во една голема трева. Меѓутоа, кога тргнав да ги чистам темелите, одлучив сиот материјал од урнатата куќа и придружните објекти да не ги фрлам на депонија за смет, бидејќи веќе тогаш чувствував некаков емотивен набој“, рече Велиќ и додаде:

„Јас 14 години работев во Германија и со својата сопруга штедев за да ја изградиме оваа куќа. И го изградивме нашиот дом. И дојде време да се урива. Уште тогаш донесов одлука дека не сакам остатоците од мојот дом да завршат во некаков ров или провалија. Сиот материјал го расфрлав на нивата и речиси 15 години сето тоа чекаше да соберам сили и нешто пари за да ја спроведам својата замисла. Донесов багер, машина која ископа дупка со длабочина од околу 4,5 метри и сето тоа го ставивме во таа дупка, а дополнително донесов девет камиони хумусна земја која ја распоредив и ја засадив со зелена трева и сето тоа сега вака убаво изгледа.“

– Спомен-плоча за куќата –

Шериф и неговата сопруга Фикрета дале да се изработи и потоа да се постави гранитна спомен-плоча посветена на нивниот дом.

„Оваа куќа, ние ја чувствуваме како свој род. Јас ја доживувам како свое дете што сум го загубил, бидејќи јас со халал [на чесен начин] патував низ светот, со халал стекнував имот и парите што ги заработував беа халал. Но, дојдоа лоши луѓе кои ми го урнаа домот, што го погребав тука под оваа земја. Го погребав како што се погребуваат луѓе“.

. Напишал и еден кус епитаф кој почнува вака: ‘Тука лежи мојата куќа узгор 1974 година. Уздол 1992 година. Љубовта ја изгради, омразата ја урна’“.

Шериф Велиќ и неговата сопруга Фикрета пред камерите на АА ја открија спомен-плочата на нивната срушена куќа,

– Од куќата остана само бројот 88 –

„Единствено што остана од мојата куќа, што се наоѓа под овој рид од земја, се старите темели на кои јас повторно изградив една мала куќа и ми остана овој број од куќата. Сѐ што имам е овој број“, рече Шериф и додаде дека понекогаш знае да засвири на неговата хармоника за да ја растера тагата и болката.

„Севдахот и хармониката се за мојата душа“, рече Шериф, а потоа ја отсвири севдалинката „Кула градам, а камен немам“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1